„Сините“ синоќа
обезбедија топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите откако со 3-0 со
совладаа Ватфорд а ривалите кикснаа. Но фановите се во паника откако на
социјалните мрежи се појави едно видео од Еден Азар.
Белгиецот додека
се возеше во својот автомобил беше запрашан од навивачи дали ќе остане на
„Стемфорд Бриџ“, а тој одмавна со главата.
Многумина ова го
сфатија како сигнал дека Еден Азар заминува. Тој е под договор до 2020
и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место.
Со понуда од Реал
Мадрид на масата, Челси тешко ќе може да одолее на притисокот. Еден Азар никогаш
не криел дека сонува за настап во дресот на „кралевите“ и се чини дека ова лето
конечно ќе му се оствари желбата.