Гери Кејхил објасни зошто не може да има почит за Сари

by
1 минути читање

33-годишниот Кејхил ќе си замине од Стемфорд Бриџ по крајот на сезоната како слбоден играч. Под водство на Сари одигра само седум натпревари и покрај тоа што пред само 12 месеци како капитен го предводеше Челси до трофејот од ФА Купот кога тренер беше Антонио Конте.

„Ова беше навистина ужасна сезона за мене лично. Кога ќе си заминам од Челси последното нешто што ќе го паметам е финалето од ФА Купот од минатата сезона“, вели Кејхил.

„Тешко ми е, играв регуларно шест сезони, освоив се со Челси, па не очекував дека натпреварите оваа сезона ќе ги гледам од трибините“.

„Знам како работи целиот клуб, имам добар однос со сите играчи и стручниот штаб, но ништо од тоа не искористив“.

„Доколку не играте на два, три, четири натпревари тогаш не треба да ви кажат причина за тоа. Но ако не играте на осум или девет меча, тогаш треба да добиете објаснување за ситуацијата. Што се случува?“.

„Но тренерот не го направи тоа. Гледам и други ситуации кои не се добри со одредени фудбалери кои освојуваа титули со Челси, не само мојта“.

„Поради тоа многу ми е тешко да имам почит за некој кој не го почитува тоа што некои од нас го направиле за овој клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани