Геце потпиша за ПСВ: Имав многу понуди, но…

by
1 минути читање

Договорот на Геце со Борусија Дортмунд истече минатата сезона, тој како слободен фудбалер може да потпише и надвор од преодниот рок, па ПСВ информираше дека Германецот станал нивни член.

28-годишниот фудбалер вели дека имал многу понуди, но почувствувал дека ПСВ е вистинскиот избор за него.

„Имав многу понуди ова лето, но јас сум човек од чувства и сам ги носам своите одлуки. Почувствував дека дека сум подготвен за многу поинаков предизвик и уверен сум дека ова ќе биде многу комфорна транзиција за мене“, вели Геце.

„Во паузата продолжив да тренирам и да се подготвувам за нова авантура. Сега со нетрпение чекам да им се приклучам на тренинг на моите нови соиграчи и да бидам дел од следните натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани