Газдата на Милан удри по Интер: Не можеш да стигнеш до финале во ЛШ и да изгубиш со 5-0!

by bojan
1 минути читање

Сопственикот на „росонерите“, Гери Кардинале вели дека Калчото има сериозни проблеми и за пример го посочи Интер и историскиот пораз од 5-0 од ПСЖ во финалето во Лигата на шампиони.

Гери Гардинале седна на разговор со Газета дело Спорт да ги дискутира лошите резултати на Милан, но главниот фокус го стави на проблемите кои го кочат италијанскиот фудбал. и посочи дека на Калчото му се потребни сериозни промени и модернизација.

„Секако дека направив грешки и тоа многу грешки…“ – вели газдата на „росонерите“.

„Ова веројатно ми е најтешкиот предизвик до сега, но не се откажувам лесно, јас сум голем борец и ќе продолжам да се борам додека не успеам“.

„Научив колку е поинаков контекстот во Италија, ако не живееш тука, како Американец тешко можеш да сфатиш што значи фудбалот и што значи Милан за луѓето“.

„Сепак, жалам што повеќе не се зборува за суштинските проблеми како инфраструктурата, модернизацијата на италијанскиот фудбал и фактот што Италија третпат по ред не успева да се пласира на Светско првенство. Наместо тоа, целото внимание беше насочено кон контроверзии“.

Во овој момент, во приказната се појави лутиот градски ривал Интер, и покрај тоа што Гери Кардинале не го именуваше директно.

„Не е проблем само во Серија А. Проблем е што италијанските клубови се потешко се носат со конкуренцијата во Европа. Не можете да играте финале во Лигата на шампиони и да го загубите со 5-0!“

„Италијанскиот фудбал се повеќе заостанува, а во денешно време, без сериозни пари нема решение. И јас имам искуство со пари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×