Газда Ѕампарини бесен: Имаше пенал за нас, и црвен за Фросиноне за удар врз Несторовски (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Палермо не успеја да се врати во Серија А откако со 2-0 загуби на гостувањето кај Фросиноне. При резултат од 1-0 се случија серија инциденти, натпреварот личеше на се, само не на нормален фудбалски меч.

Претседателот на Палермо, Маури Ѕампарини најави жалба за случувањата на теренот.

Прво судијата досуди слободен удар по фаул врз Коронадо на ивицата од шеснаесетникот, па се предомисли и покажа пенал, па потоа повторно се предомисли и одлучи да се врати на претходната одлука. Видеото покажува дека фаулот е точно на линијата, а тоа е пенал. Ѕампарини смета дека еден од играчите на Фросиноне требало да добие црвен картон бидејќи пред очите на судијата со глава без топка го удрил Несторовски при мешаницата за недосудениот пенал.

Во финишот на мечот резервистите на Фросиноне и децата задолжени за собирање на топките, фрлаа топки на теренот и така ги прекинуваа акциите на Палермо. А на 90 секунди до крајот на судиското продолжение навивачите влетаа во теренот за да ја слават промоцијата во Серија А и го прекинаа мечот.

„Им дадовме инструкции на нашите адвокати да поднесат жалба со приложена цела евиденција од натпреварот“, вели Ѕампарини.

„Мислам дека судијата ја промени одлуката под влијание на противничкиот тим, и да потенцирам дека тој не го санкционираше играчот кој го удри со глава Илија Несторовски пред судијата“.

„Имаше серија инциденти кои немаат ништо со правилата. Ова беше нелегален натпревар. Од тој момент судијата се загуби и ние ќе ги превземеме неопходните чекори за да ја добиеме правдата, бидејќи спектаклот кој Фросиноне му го даде на италијанскиот фудбал беше недостоен“.

„Фудбалерите дури почнаа и да фрлаат дополнителни топки на теренот со цел да ги спречат нашите напади. Тоа не беше казнето од судиите, ниту од четвртиот судија, ниту од линиските“.

Видео од пеналот врз Коронадо по кој прво беше досуден слободен удар, па пенал, па повторно слободен удар:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани