Гатузо со посебно барање до Елмас и останатите фудбалери на Наполи за време на првиот тренинг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џенаро Гатузо го
наследи Карло Анчелоти на клупата на Наполи, а тоа се најавуваше извесен период
по „турбуленциите“ во составот од Неапол, а Гатузо веќе го одработи и првиот
тренинг со фудбалерите.

Нема дилеми во
тоа дека поранешниот тренер на Милан ќе има полни раце работа да го врати
Наполи на старите патеки, во Италија веќе најавија дека тој ќе ја врати
популарната формациска поставеност од 4-3-3 со која се прослави Маурицио Сари,
а тамошните медиуми шпекулираат за одредени анегдоти од неговиот прв тренинг со
фудбалерите.

Како што
известува „АренаНаполи“, се вели дека Гатузо имал едно посебно барање до
фудбалерите за време на првиот тренинг, обраќајќи им се со зборовите
:

Ќе ви дадам само
една минута за пиење, тргнете го тоа плашливо лице од вас, посакувам да сте
агресивни, одлучни
и сигурни во вашите мисли“ им порачал Гатузо.

Во пресрет на
неговото назначување, „Газета дело Спорт“ во својата анализа извести дека
нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе извлече „бенефит“ од новонастанатата
ситуација во Наполи, со тоа што Македонецот ќе биде во триото од средниот ред
кое наводно ќе биде предводено од Алан.

Во прилог, првиот тренинг на Наполи под кормилото на Гатузо…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×