Популарниот Рино
утрово потврди дека се повлекува од кормилото на „росонерите“ и покрај тоа што
има уште две години од договорот, а нема да бара ниту милионско обесштетување.
Ова веќе беше
објавено доцна синоќа од страна на медиумите од Италија, по состанокот помеѓу
Џенаро Гатузо и генералниот извршен директор Иван Газидис.
Сега се откриваат
повеќе детали за разделбата и се шпекулира дека Џенаро Гатузо се решил на еден
ваков чекор зошто не му се допаднал предложениот проект. Тој побарал ангажман
на искусни фудбалери од светска класа за уште посилен Милан, но лидерите имаат
други планови и преферираат ангажман на млади играчи кои потоа ќе можат да
бидат продадени за повисока сума и да се оствари капитална добивка.
Поради тоа што не
беше обезбеден настап во Лигата на шампионите, „росонерите“ ќе имаат помали
амбиции догодина, буџетот ќе биде скратен со цел да се намалат трошоците и да се
спазат параметрите наметнати од Финансискиот фер плеј на УЕФА.
Исто така не се
исклучува можноста Милан да побера да биде исклучен од Лига Европа како дел од
доброволна спогодба со европската куќа на фудбалот за прекршување на ФФП.
Клубот од Сан Сиро веќе доби една казна, а неодамна беше отворена и втора
истрага па сериозно му се заканува можноста да биде исфрлен од Европа на една сезона во иднина.