Гатузо на претставувањето во Лацио го советуваше Лотито: Треба помалку да користи мобилен телефон

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот италијански селектор Џенаро Гатузо и официјално ја презеде клупата на Лацио, откако пред околу дваесетина дена беше назначен за нов тренер на римскиот клуб.

На својата промоција, Гатузо порача дека е горд што е дел од Лацио и нагласи дека од тимот очекува максимална посветеност.

„Горд сум, се чувствувам одлично. Мораме напорно да работиме ако сакаме да постигнеме нешто. Сакам да создадам тим кој со гордост ќе го носи овој дрес. Ако не победуваме, ќе си заминам“, изјави Гатузо.

Посебно внимание привлече и неговиот коментар за претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, со кого, како што вели, има искрен однос.

„Со претседателот имам многу искрен однос. Секогаш му кажувам сè отворено. Кога се сретнавме, му објаснив кои работи мора да ги реши. Тој знае дека не се плашам од никого и дека ми требаат само луѓе кои сакаат да работат. Ако сака да им каже нешто на играчите, може да го направи тоа, но само зад затворени врати во соблекувалната. Проблем е и тоа што премногу користи мобилен телефон. Треба поретко да дава изјави за новинарите“, порача Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×