Во недела, Џенаро Гатузо за последен пат ќе го води Хајдук пред публиката на„Пољуд“ и тоа во дербито против Риека. По завршувањето на оваа сезона, Италијанецот ќе се прости со сплитскиот клуб.
До крајот на првенството остануваат уште две кола, а последниот натпревар пред домашната публика е токму овој викенд и тоа е шанса за навивачите да се поздрават со темпераментниот тренер кој ја водеше екипата во турбулентен период.
Иако имаше важечки договор и за следната сезона, двете страни се договориле за мирна разделба, без финансиска отштета. Гатузо одлучил да не побара ниту цент за предвременото раскинување на договорот, потег кој уште еднаш ја покажува неговата поврзаност со клубот и градот.
Во неколку наврати тој истакна дека Сплит и Хајдук зазеле посебно место во неговото срце, а заминувањето ќе биде емотивно, особено пред верната публика која секогаш стоеше зад тимот.
Фото: Hajduk Split/FB