Гатузо ја презеде одговорноста за лошата форма на Наполи: Критиките се заслужени…

by
1 минути читање

Наполи по 22
одиграни меча во Серија А се наоѓа на седмата позиција на табелата, со дури 13
бода заостанување зад лидерот Интер, но и меч помалку кој сигурно не би
променил многу, а Џенаро Гатузо секако е под голем притисок поради очајните
изданија на неговиот состав.

Критиките секако
се заслужени, во овие моменти, работите не се одвиваат онака како што ние
посакуваме, одговорноста е моја бидејќи јас сум тренерот
“ изјави Гатузо кој
особено беше во голема мера искритикуван по поразот од Гранада во Лига Европа.

Постојат малку
работи кои би можел да ги кажам, минуваме низ еден исклучително тежок период,
нашите изданија се под капацитетот кој го поседуваме, носиме историски дрес на
нас, претставуваме фантастичен град, имаме голема одговорност зад нас, а јас
секако сум примарна цел во одност на одговорноста
“ додава тој.

Сега треба да
донесеме резултати, нема простор за дискусија во овие моменти, тоа што го
сторивме досега е далеку од доволно, потребно е малку зборување, а повеќе дела,
тоа сигурно ни е потребно
“ заклучи Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани