Гасперини: За 48 часа драматично се променија работите, кога се вративме Бергамо изгледаше како воена зона

by
1 минути читање

На 10. март, Аталанта
со 4-3 триумфираше на гостувањето кај Валенсија и со вкупни 8-4 го запечати
пласманот во четвртфинале од Лигата на шампиони. Но славјето за историскиот
успех изостана. Италија воведе карантин поради коронавирусот, а Бергамо беше
еден од најпогодените градови од пандемијата.

„Кога се вративме, Бергамо изгледаше како воена зона“ – тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини раскажува за
Гардијан. „Сѐ се случи многу брзо.
Само неколку дена претходно ништо не навестуваше дека може да се случат такви работи.
Кога пристигнавме во Валенсија, улиците беа полни, луѓето се забавуваа… Кога
се вративме во Бергамо, видовме колку работите драматично се променија за два
дена. Бевме полни со еуфорија, а потоа не фати страв… во период од 48 часа“.

„Она што се случуваше во Бергамо изминативе два месеци е нешто
невидено, немам зборови да објаснам. Бергамо е центарот на овој ужасен
коронавирус. Силно го удри нашиот град, однесе многу животи… До крајот на животот
нема да ги заборавам сирените кои ги слушавме во центарот на градот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×