Џан Пјеро Гасперини синоќа имаше состанок со сопствениците на Рома, фамилијата Фридкин, но уште не е постигнат договор, во меѓувреме тој е контактиран и од Јувентус.
Искусниот стратег ја информираше Аталанта дека го напушта клубот по девет години и сака да проба нови искуство.
Тој силно се поврзуваше со Рома, но сега во трката се вклучи и Јувентус кој може да ја расипе работата на римската волчица.
Јувентус првично се надеваше дека ќе го врати Антонио Конте, но ништо нема да има од тоа бидејќи тој ќе продолжи во Наполи.
Се очекува Јувентус да се раздели и со спортскиот директор Кристијано Џинтоли како дел од менувањето на стратегијата.
Гасперини е на слатки маки, ќе бира меѓу Рома и Јувентус и се очекува да одбере во наредните денови.