2,3K
51-годишниот Гаскоњ беше уапсен на 20. август на станицата Дурам поради сексуални напади со допирање во воз за време на патувањето од Јорк до Дурам.
Портпаролот на британската транспортна полиција го потврди случајот и обвинението против популарниот Газа.
„Пол Гаскоњ од Еми Стрит, Лестер, треба да се појави на суд следниот месец во врска со обвинение за сексуалниот напад врз жена во воз кој се движел од Јорк до Дурам. Тој е обвинет за сексуален напад со допирање по членот 3 од законот за сексуални престапи од 2003 година. Обвинението се однесува на инцидент кој се случил во возот на 20. август оваа година“, изјави портпаролот.
Пол Гаскоњ во судот треба да се појави на 11. декември.