Галатасарај подготвува луда понуда за Бруно Фернандеш

by bojan
1 минути читање

Шампионот на Турција сака да реализира трансфер бомба и подготвува 50 милиони евра за ангажман на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед.

Клубовите од Турција ова лето се прилично активни на трансфер пазарот, Трабзонспор го донесе Мо Салаха, Бешикташ го ангажираше Душан Влаховиќ, а Фенербахче донесе неколку звучни имиња и го реализираше вториот најскап трансфер во првенството со ангажман на Мејсон Гринвуд во зделка вредна околу 40 милиони евра.

Галатасарај до овој момент нема донесено ѕвездено засилување, но шампионот на Турција опипа терен за неколку имиња.

Последните информации велат дека Галатасарај сака да реализира трансфер бомба и ангажман на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед.

За „ѓаволите“ е подготвена понуда од 50 милиони евра, односно фиксна сума од 35 милиони евра ,плус бонуси од додатни 15 милиони евра, кои ќе бидат поврзани си тутули во Суперлигата, индивидуалните настапи на Бруно Фернандеш и успехот на клубот во Европа.

Бруно Фернандеш пак го чека четиригодишен договор со нето плата од 21 милион евра по сезона, со што ќе стане најплатен фудбалер во Турција. Португалецот плус ќе добие и симболичен бонус за потпис од 4 милиони евра.

Но како што пренесуваат медиумите од Англија, Манчестер јунајтед во моментов не помислува да го продаде својот капитен, и тешко дека ова ќе се промени во следните две недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×