Габиадини импресиониран од зборовите на Мурињо кои му ги дал по финалето на Вембли

by
1 минути читање

И покрај тоа што Саутемптон ги изгуби натпреварот од Манчестер јунајтед, Маноло Габиадини го привлече вниманието постигнувајќи два гола.

„Кога лик како Мурињо ќе ви пријде, ќе се ракува со вас и ќе ви рече „Заврши одлична работа, постигна два гола како вистински шампион“, се чувствувате посебен“ – вели Габиадини.

„Мурињо е посебен човек и не само поради неговиот успех како менаџер, тој е харизматичен“.

„Никогаш не сум играл претходно на Вембли. Овој фантастичен стадион го имав гледано само на телевизија и голема сатисфакција ми е што постигнав два гола“.

„Можев да дадам и три, но еден чист погодок ми поништија, таа одлука боли како загубеното финале. Не заслуживме да загубиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани