Фулам не сака да се посрамоти во Премиерлигата, влезе во игра за потписот на Шкринијар

by
1 минути читање

Фулам полека но
сигурно се издвојува од останатите во Премиерлигата откако во три кола не само
што не успеа да запише ниту еден освоен бод, туку и прими десет гола во
сопствената мрежа, а постигна само три, за моментално најлоша гол разлика во
елитното друштво.

И повеќе од
веројатно е дека е вклучен алармот во екипата од „Кревин котиџ“, па така
тренерот Скот Паркер веднаш издејствува со голема желба на трансфер пазарот, и
тоа, ни помалку, ни повеќе, туку еден од најбараните, Милан Шкринијар од Интер.

„Сан“ пишува дека
во Фулам се надеваат дека ќе ја добијат битката со градскиот ривал од Лондон,
Тотнем за потписот на Словакот, а се верува дека „Спарси“ подготвуваат понуда
помеѓу 30 или 35 милиони фунти за стоперот.

Од Интер пак, за
својот фудбалер од поодамна поставија цена од околу 45 милиони фунти, а доколку
од Фулам добро издејствуваат на ова поле, би можеле со сигурност да го срушат
клупскиот рекорд за трансфери по оној на Жан Мишер Сери кој беше доведен за 27
милиони фунти од Ница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани