Бразилецот, кој
има и италијански пасош, во моментов работи како тренер на У19 тимот на ПСЖ и
целта му е еден ден седне на кормилото на првиот тим на „Светците“.
„Имам двегодишен
договор со У19 тимот на ПСЖ, но мојата цел е еден ден да го предводам првиот
тим. Немам ништо против Томас Тухел, го почитувам, едноставно мојата цел е клупата на
ПСЖ“ – вели Тиаго Мота.
За фудбалската
филозофија која ја негува, 36 годишниот стратег вели: „Сакам офанзивен фудбал,
напаѓачки. Тим кој ја наметнува својата игра, притиска високо и има голема
мобилност, со и без топка… Сакам играчот со топката секогаш да има три или
четири опции за додавање и еден или двајца соиграчи во негова близина за да му
помогнат. Во фудбалот многу често најтешки се наједноставните работи како
контрола, додавање и ослободување“.
Запрашан каква
формација преферира, тој вели: „Не ми се допаѓа кога со бројки се кажува колку
играчи се има на одреден дел од теренот, бидејќи тие знаат да ве излажат.
Можете да бидете суперофанзивни со 5-3-2 и дефанзивни со 4-3-3“.
„Мојот тим може
да игра со формација 2-7-2“ – додаде Мота и го збуни новинарот, кој веднаш го
исправи дека се работи за грешка бидејќи тоа значи 12 играчи на теренот.
„Не е грешка. Јас
голманот го сместувам во оние 7 од средниот ред. Според мене, напаѓачот е
првиот одбрамбен играч, а голманот е првиот напаѓач“.
„Голманот е тој
кој ги започнува акциите, првото додавање доаѓа од неговите нозе и напаѓачот е
првиот кој прави притисок за да се освои топката“.
Доколку Тиаго Силва остане доследен на својата филозофија, фудбалот би можел да види и поголем револуционер од Пеп Гвардиола, кој со Барселона и познатата „тика-така“ ги освои симпатиите на фудбалските фанови ширум светот.