27 годишниот
Шпанец е роден во Мадрид и потекнува токму од школата на Реал.
Кога имал 12 години
му откриле дијабетес, во прв момент докторите му соопштила дека повеќе не може
да игра фудбал и му го срушиле детскиот сон.
Сепак, по
консултации со ендокринолог, тој продолжил да игра и да го оствари сонот да
заигра за клубот од неговиот роден град.
„Имав 12 години
кога дознав дека сум дијабетичар” – вели Начо во разговор со веб страната на УЕФА.
„Тогаш веќе две
годни бев дел од Реал Мадрид, и тоа беа тешки времиња. Наместо да одам на
турнир со Реал Мадрид, јас бев во болница на прегледи”.
„Ме прегледа
доктор и ми кажа дека треба да се збогувам со фудбалот”.
„Тоа беше
навистина тежок викенд. Три дена подоцна, го посетив Др. Рамирез, кој потоа
стана мојот редовен ендокринолог, и кој многу го ценам”.
„Тој ми каже
нешто сосема друго, дека можам да продолжам со фудбалот, дека е неопходно да продолжам
да играм бидејќи физичките вежби се многу важни”.
„Тој понеделник,
мојот живот започна одново”.
За тоа како се
справува со болеста и обврските како професионален фудбалер, Начо додава: „Секако
деке е тешко бидејќи морате да се грижите три пати повеќе од обичен човек”.
„Морате многу да
внимавате на диетата и одморот. Ве прави поодговорен бидејќи постојано треба да
ја носите вашата опрема (инсулин, апартче за мерење шеќер итн)“.
„Исто така треба
да внимавам и на одредена храна“.
„Како што кажав и
претходно, ве прави поодговорна личност и морате да се грижите за самите себе
многу повеќе. Знам дека ќе ја имам болеста до крајот на животот, освен доколку
не пронајдат лек“.
„Тоа е исто како
да имам соиграч покрај себе“.