Дочекот на новата година се претвори во хорор за играчот на Галатасарај, Омар Елабделау, тој заработил сериозни повреди поради од огномет по што веднаш бил хоспитализиран.
Според информациите на турскиот клуб, игирачот заработил изгореници на раката и иоштетување на едното око. Тој е во стабилна состојба, повредите не се опасни по неговиот живот, но локалните медииуми велат дека докторите се борат да му го спасат окото, се стравува дека може да го загуби видот.
Капитенот Арда Туран, тренерот Фатих Терим и Абдурахим Албаирак потпретседателот на клубот, биле во болницата да го посетат Елбадалау, но засега нема нови информации за неговата состојба.
Омар Елабделау е норвешки репрезентативец и е стандарден во тимот на Галатасарај.