Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Фред откри дека се одлучил за тимот од Олд
Трафорд, иако имал и понуда од неговиот ривал Манчестер Сити, но, Жозе Мурињо
бил клучен во неговата одлука.
„Добив понуда од
Манчестер Сити, дури и се консултирав со моите сонародници кои играат за таа
екипа, тие се обидоа да ме убедат да им се приклучам, но, на крајот до тоа не
дојде, потоа дојде летото, а покрај многуте понуди кои ги имав, вклучувајќи ја
и онаа на Манчестер јунајтед, брзо одлучив дека тоа е вистинскиот чекор за
мене, во мојата кариера“ издвои Фред.
„Мурињо е голем
тренер, професионалец во секоја смисла на зборот, секој фудбалер сака да го има
за тренер и да работи со еден таков победник, учам многу работи од него, тоа е
сигурно. Жозе беше клучен во мојата одлука да се приклучам на Манчестер
јунајтед и јас сум благодарен за неговиот интерес“ заклучи Бразилецот.
Фред на седум
настапи во дебитантската сезона во Премиерлигата постигна и еден гол, во ремито
против Вулверхемптон од 1-1 на Олд Трафорд.