Отако УЕФА и ФИФА
ги одбраа најдобрите, дојде редот и на Франс Фудбал, чија награда веројатно
вреди најмногу. Реномираниот магазин од Франција денеска ги обелодени имињата
на 30-ната фудбалери кои конкурираат за „Златната Топка“.
Обложувалнците
веднаш го одредија фаворитот, според Вил Хил на врвот е Лука Модриќ, пред
Кристијано Роналдо и Антоан Гризман. Слично е и кај Бетфер, каде Хрватот е прв
пик за наградата, додека пак Португалецот и Французинот треба да му прават
друштво помеѓу тројцата финалисти.
Кандидатите на
Франс Фудбал за „Златната топка“: Серхио Агуеро, Алисон, Герет Бејл, Карим
Бензема, Единсон Кавани, Тибо Куртоа, Кристијано Роналдо, Кевин Де Брујне, Роберто
Фирмино, Диего Годин, Антоан Гризман, Еден Азар, Иско, Хари Кејн, Нголо Канте,
Хуго Лорис, Марио Манџукиќ, Садио Мане, Марсело, Килијан Мбапе, Лео Меси, Лука
Модриќ, Нејмар, Јан Облак, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Мо Салах, Серхио Рамос, Луис
Суарез и Рафаел Варан.
Изминативе десет
години оваа награда ја делеа Лео Меси и Кристијано Роналдо, кои имаат по пет
„Златни Топки“, но веројатно нивната доминација ќе биде прекината.