89
Поранешниот тренер на Ајакс и Интер, Франк Де Бур пред пет години имал шанса да седне на кормилото на Ливерпул, но одбил.
Во интервју за „Дејли Мејл“, Франк Де Бур ја објаснува ситуацијата:
„Би сакал да бидам тренер во Англија, но проектот треба да биде добар. Тогаш му кажав на Ливерпул дека сум почестен од нивната понуда, но во Ајакс бев само една година и мислев дека беше прерано да заминам“ – открива Де Бур.
„Требаше да освојам повеќе и освоив“.
Франк Де Бур четири пати беше шампион на Холандија со Ајакс пред да се пресели во Интер каде што имаше неуспешна авантура.
Тој е еден од кандидатите за наследник на Клаудио Раниери на клупата на Лестер.