Се погласно се шпекулира дека Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус, и ваквите гласини имаат здрава подлога.
„Тутоспорт“ објавува дека Андреа Ањели тргнал во Баку по Сари. Претседателот на Јувентус е во истиот хотел со Челси кој вечерва игра во финалето од Лига Европа против Баку.
Иако Сари треба комплетно да биде фокусиран на вечерашниот натпревар, за Ањели тоа не е пречка да проба да го договори неговиот ангажман уште во Баку.
Тој во Баку официјално е како претседател на ЕКА (Европската клупска асоцијација), но речиси никој не може да негира дека тој таму е и поради Сари.
Јувентус наскоро треба да го обелодени наследникот на Масимо Алегри, а многумина сметаат дека тоа не е направено се уште бидејќи изборот паднал на Сари и треба да се почека да заврши и финалето од Лига Европа.