Фоден станува фрустриран поради малата минутажа која ја добива во Манчестер Сити

by
0 минути читање

Според информациите на „Телеграф“, Фоден е незадоволен од својот статус во Манчестер Сити, 20-годишниот фудбалер смета дека многу почесто треба да биде на теренот.

Но и покрај неговото незадоволство, англискиот весник тврди дека тој нема намера да бара трансфер, сака да остане и да продолжи да се бори за место во тимот.

Пеп Гвардиола претходно изјави дека Фоден е иднината на Сити и има огромен потенцијал да биде голем играч, но треба да биде трпелив и да не брза.

Во меѓувреме во Шпанија се појавија и шпекулации дека Реал Мадрид почнал да се интересира за Фоден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×