90
Пред седум години, Флорентино Перез сакал да направи потрес во светот на фудбалот. Првиот човек на Реал Мадрид подготвил 250 милиони евра за да ја активира откупната клаузула на Лео Меси.
Новинарот Џанлука Ди Марцио во книгата „Гранд Хотел Калчомеркато“ пишува дека луѓе од доверба на Флорентино Перез заминале во Барселона да разговараат со Аргентинецот и да му ги презентираат финансиските детали.
Сепак, Лео Меси не сакал ниту да слушне за каква плата станува збор и порачал: „Нема шанси да дојдам во Реал, џаби си го трошите времето!“
Ди Марцио додава дека кратко време по одбиената понуда од Реал Мадрид, против Лео Меси била отворена истрага за затајување данок.