Флик пред дербито со Интер реши важна дилема во Барселона

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денеска јасно стави до знаење кој ќе го чува голот на каталонскиот тим во завршницата од Лигата на шампионите. Полјакот Војчех Шчесни ќе остане прв избор на голманската позиција до крајот на сезоната во Европа, додека Марк-Андре тер Штеген ќе добива минутажа во натпреварите од шпанското првенство.

Иако постоеше можност Барселона да го активира правото и повторно да го регистрира германскиот голман за Лигата на шампионите, Флик решил да не ја менува формулата која досега функционираше. Тоа ќе значи дека Шчесни, кој беше пријавен во составот како замена за повредениот Тер Штеген, ќе остане меѓу стативите на најважните европски дуели.

„Шчесни ќе го брани нашиот гол во Лигата на шампионите – тоа е дефинитивна одлука. Тер Штеген ќе добие минути во Ла Лига, најверојатно веќе против Ваљадолид“, изјави германскиот стратег.

Каталонците утре ги очекува првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Средбата започнува во 21:00 часот на стадионот „Олимпик Луис Компањс“ во Барселона, а реваншот ќе се игра на 6 мај во Милано, на легендарниот „Џузепе Меаца“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани