Фиорентина тргна по Елиф Елмас!

by riste
1 минути читање

Информациите од Италија велат дека Фиорентина воспоставила контакт со Лајпциг за ангажман на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Елмас би можел да заигра и во трет клуб од Серија А доколку се оствари желбата на Фиорентина да го добие македонскиот фудбалер.

Клубовите од Серија А најдобро го познаваат Елмас, тој пет и пол сезони помина во Наполи, а во вториот дел од сезоната 2024/25 настапуваше и за Торино.

Елмас е под договор со Лајпциг, но германскиот клуб сака да го даде на позајмица, тоа е желба и на самиот фудбалер на кого најмногу му лежи италијанската лига.

Фиорентина најпрво го контактирала Елмас и сега од него ќе зависи дали преговорите ќе станат посериозни.

Најголема предност на Елмас е неговата разновидност во играта, можноста да настапува на речиси сите позиции во средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×