76
Офанзивецот на
италијанскиот првак Јувентус, Марко Пјаца би можел да се пресели во Фиорентина,
како позајмен фудбалер, со опција за целосно откупување на неговиот договор за
20 милиони евра.
Хрватот втората
половина од изминатата сезона ја мина во редовите на Шалке 04, а очигледно е
дека за него нема место во силниот тим на Јувентус.
Неофицијалните
информации кои ги пренесуваат дел од медиумите во Италија велат дека за Пјаца е
подготвен четиригодишен договор со кој ќе заработува 1,5 милион евра по сезона.