Арсенал и Челси
вечерва ќе се борат за трофејот од Лига Европа, а финалето во Баку со големо внимание
ќе се следи во Лион.
Клубот од
Франција има свој фаворит и ќе навива за Челси. И покрај тоа што во Арсенал
игра нивниот поранешен играч Александре Лаказет, кој е рекордна продажба на „популарните“ деца, Лион ќе
сака напаѓачот и „топчиите“ да загубат.
Причина за ова е
место во Лигата на шампионите за следната сезона. Лион заврши како трет на
табелата а тоа значи настап во квалификациите и почеток на сезоната на крајот
на јули.
Но доколку Челси
вечерва победи, местото во ЛШ кое е резервирана за освојувачот на најмасовното
европско натпреварување нема да биде доделено, па Лион ќе обезбеди директен
пласман во групната фаза. Тоа значи помирно лето и загарантирани десетици
милиони евра.
Во случај Арсенал да го победи градскиот ривал, „топчиите“ ќе изборат место во групната фаза од
Лигата на шампионите, а Лион ќе треба да игра две квалификациски кола.