Финалето од Лигата на шампионите ќе започне со минута молк во чест на Хосе Антонио Рејес

by
1 минути читање

Фудбалска Шпанија
утрово беше потресена од веста за смртта на Хосе Антонио Рејес. Поранешниот
фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и уште неколку
клубови, трагично починал во сообраќајна несреќа на 35 години

Па во чест на Шпанецот, кој пет пати го има освоено трофејот од Лига Европа/Куп на УЕФА, европската куќа на фудбалот реши
финалето од Лигата на шампионите да започне со минута молк.

„УЕФА и
европскиот фудбал се погодени од страшните вести дека Хосе Антонио Рејес
починал денеска и сакаме да изразиме искрено сочувство до неговото семејство и
неговите сакани“
– рече првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

„Тој имаше гламурозна кариера и освои голем број на трофеи со клубовите во кои
настапуваше. Јас сум шокиран и растажен поради тоа што неговиот живот трагично
заврши“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани