2,2K
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија реши — финалето од Купот на Македонија ќе се игра на најголемата сцена, Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Стадионот во главниот град ги исполнува сите услови за ваков фудбалски спектакл, а влогот е голем — билет за Европа! Вардар и Струга Трим Лум ќе ги одмерат силите на 21 мај, со почеток во 20:00 часот.
Вардар по 18 години брка нова Куп-слава, а Струга сака да го запише првиот трофеј во клупската историја, во своето второ финале.