ФИФА воведе правило по скандалот меѓу Престијани и Вини

by 24 фудбал
1 минути читање

ИФАБ донесе ново правило кое може значително да влијае на однесувањето на фудбалерите на теренот, откако од сега покривањето на устата при вербален конфликт може да резултира со директен црвен картон.

Одлуката е потврдена на состанокот во Ванкувер и ќе стапи на сила веќе од Светското првенство кое започнува на 11 јуни, по иницијатива на ФИФА.

„По одлука на организаторот на натпреварувањето, секој играч кој ја покрива устата во конфронтација со противник може да биде санкциониран со црвен картон“, соопшти ИФАБ.

Повод за оваа промена беше случајот со Винисиус Жуниор, кој го обвини Џанлука Престијани дека упатил навреда додека ја покривал устата. УЕФА веќе го суспендираше Престијани на шест натпревари.

Според новите правила, црвен картон ќе следува и за играчи кои ќе го напуштат теренот во знак на протест, како и за членови на стручниот штаб доколку поттикнуваат такво однесување.

Фан маички за Светското првенство, погледнетеТУКА!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×