ФИФА ја одби жалбата на Челси, но лондонскиот клуб не се предава, ќе преземе друг потег

by
1 минути читање

ФИФА ја одби жалбата на Челси, тие нема да можат да регистрираат нови фудбалери до летото 2020 година.

Но Челси смета дека не е виновен и правдата ќе ја бара од Судот за Спортска Арбитража во Лозана.

„Денеска Челси ја доби одлуката на на комитетот за жалби на ФИФА. Клубот е многу разочаран бидејќи казната за забрана на трансфери во два преодни рока не е укината. Челси категорично ги отфрла тврдењата на Комитетот за жалби на ФИФА и одлуката ќе ја обжали на Судот за Спортска Арбитража“, стои во соопштението на Челси.

Челси како ново засилување ќе го има само Кристијан Пулишиќ кој е регистриран уште во јануари, но остана на позајмица во Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани