Дисциплинската комисија при ФФМ денеска ги соопшти казните од изминатото коло, меѓу нив се и оние за тепачката на фудбалерите на Вардар и Шкендија.
Фудбалерот на Вардар, Торес Јоакин Едуардо, доби суспензија од дури пет натпревари, додека играчот на Шкендија, Анес Мељичи ќе паузира три натпревари.
ФК Вардар доби и парична казна од 1.000 евра поради користење на пиротехника од страна на својата навивачка група.
Брегалница е казнета со 600 евра поради користење на пиротехника на нивната навивачка група за мечот од првото коло против Вардар.
Рама Ландрит, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на 1 натпревар, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Скопје и ФК Струга Трим Лум.