Денеска на свечена манифестација во МНТ, беа доделени наградите на ФФМ за најдобрите во македонскиот фудбал.
Главната награда за најдобар играч на минатата сезона му беше доделена на Стефан Спировски кој поради обврски со клубот не дојде на церемонијата.По успешните настапи во Вардар, Спировски сега го носи дресот на Ференцварош.
Наградата за најдобар македонски фудбалер во странство ја доби играчот на Леванте, Енис Барди кој имаше одлични партии за младата македонска репрезентација која настапи на Европското првенство во Полска. Наградата му ја врачи тренерот на европскиот ракометен шампион, Раул Гонзалез.
Најдобар млад фудбалер е големата надеж на македонскиот фудбал, Елиф Елмас. Најдобар тренер Гоце Седлоски кој со Вардар ја освои шампионската титула.
Најдобрите во македонскиот фудбал:
Најдобар фудбалер во странство: Енис Барди (Леванте)
Најдобар фудбалер: Стефан Спировски (Вардар/Ференцварош)
Најдобар млад играч: Елиф Елмас (Работнички/Фенербахче)
Најдобар тренер: Гоце Седлоски (Вардар)
Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар тренер во младински категории: Горан Станковски (Работнички)
Фудбалски работник: Илија Матеничаров (Академија Пандев)
Најдобар младински клуб: Работнички
Најдобар стрелец во младинскиот фудбал: Александар Мишов (Академија Пандев)
Најдобар тренер во женски фудбал: Кирил Изов (ЖФК Истатов)
Најдобра фудбалерка: Илза Мксути (ЖФК АС Јунајтед)
Најдобар стрелец во женскиот фудбал: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон)
Најдобар футсал играч: Александар Глигоров (КМФ Велес)
Најдобар тренер во футсал: Зоран Лекиќ (КФМ Шкупи)
Најдобар судија: Александар Ставрев
Фер плеј екипа: Работнички
Специјални признанија:
Селекторот Вујадин Станојковиќ и репрезентацијата до 19 години
Селекторот Горан Станиќ и репрезентацијата до 17 години