Фернандеш засега го одбива новиот договор, бара посебни гаранции од Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш
ја одбива идејата за потпишување на нов договор со Манчестер јунајтед, а со тоа
да добие и двојно зголемување на платата на 200,000 фунти неделно, и сето тоа
поради одредени барања на Портуалецот кон клубот.

Фудбалерот од
средниот ред е клучен во успесите на „Црвените ѓаволи“ под кормилото на Оле
Гунар Солшер, оваа, па и ланската сезона, а клубот активно работи на тоа да му
овозможи нов договор кој би имал важност пет години.

Меѓутоа, како што
пишува „Сан“, Фернандеш бара посебни гаранции од клубот, односно сака да дознае
нешто повеќе во однос на плановите на клубот за трансфери и засилувања пред да
стави потпис на нов договор.

Со самото тоа,
Фернандеш бара одредени гаранции околу амбициите на клубот од „Олд Трафорд“ во
иднина, а сигурно посакува нешто подобро од актуелното, а тој сезонава на 28
настапи успеа да постигне 16 погодоци, но и 11 асистенции. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани