Во претпоследниот
натпревар од 25. коло во Премиерлигата, Манчестер јунајтед на домашен терен
славеше против Њукасл со 3-1.
Рашфорд го отвори
резултатот по половина час игра, напаѓачот го изненади голманот на Њукасл со
удар на поблиската статива и донесе 1-0. Сепак водството не траеше долго, пет
минути подоцна, Сент Максиман погоди под пречката за 1-1.
На асистенција на
Фернандеш, Џејмс во 57. минута донесе 2-1 а победата ја осигура Фернандеш со
удар од белата точка во 75. минута.
Португалецот сега
зад своето име има 15 погодоци и 10 асистенции и им се придржи на Ерик Кантона,
Двајт Јорк и Вејн Руни како единствените играчи кои во дресот на „ѓаволите“
имаат 10+ асистенции и голови во една сезона од Премиерлигата.