Бруно Фернандеш е
вистински мотор во играта на Манчестер јунајтед, а Оле Гунар Солшер сигурно е
пресреќен што има таков фудбалер во својот состав кој излезе како полн погодок
по трансферот од Спортинг Лисабон ланскиот јануари.
Како и да е, 26
годишниот Португалец сениорската кариера ја почна во Италија, откако една
година играше во младинскиот погон на Новара, веднаш беше прекомандуван во
категоријата на сениори, за потоа да следи трансфер во Удинезе, па во
Сампдорија, за на крајот да се врати во својата родна земја, каде продолжи со
Спортинг Лисабон.
Португалецот во
интервју за „Газета дело Спорт“ освен што наведе неколку причини зошто не се
адаптирал на високо ниво во италијанскиот фудбал, ја посочи и разликата помеѓу
англискиот и италијански фудбал.
„Во Италија, јас
не се адаптирав бидејќи улогата на офанзивниот фудбалер од средниот ред не е
лесна во вашиот фудбал“ изјави Фернандеш, кој го издвои Дибала како пример.
„Приказната со
Пауло Дибала ме просветлува, сите очекуваат нешто специјално од него на теренот“
додаде тој.
„Најважното скалило
во мојата кариера беше Удинезе, но промената на тренерот не ми помогна, сето
тоа беше лошо, бидејќи јас видов вистински професор во Франческо Гвидолин,
доколку останав некое време дополнително со него, сметам дека се’ ќе беше поинаку“ објасни Португалецот кој
потоа ја наведе разликата помеѓу англискиот и италијанскиот фудбал.
„Најголемата разлика
помеѓу исталијанскиот и англискиот фудбал е интензитетот, огромен е
интензитетот во Премиерлигата, се бара многу поголемо темпо, помалите екипи
имаат огромен квалитет во своите состави, прават се’ за да настрадате, а во Италија пак, тактиките се
како универзитет за спорт“ заклучи Фернандеш.
Во интервјуто,
Португалецот исто така објаснува и дека Манчестер јунајтед и Милан минале низ
идентична фаза на транзиција, но подвлече и дека Премиерлигашот полека но
сигурно се враќа на врвот, онаму каде што припаѓа.