Фернандеш му замерил на Солшер за одлуката да го замени на полувремето со Тотнем

by
1 минути читање

„Атлетик“ пишува
дека Оле Гунар Солшер може скапо да ја плати одлуката на дербито со Тотнем на
свој терен каде неговиот Манчестер јунајтед беше посрамотен во поразот од 1-6,
и тоа најмногу поради Бруно Фернандеш кој бил видно разочаран по тоа што одигра
само едно полувреме.

Фернандеш бил
еден од неколкуте ѕвезди на Манчестер јунајтед кои биле видно револтирани на
полувремето каде „Црвените ѓаволи“ имаа негатива од 1-4 по само 45 минути игра
на „Олд трафорд“, а ситуацијата беше дополнително отежнувачка поради црвениот
картон на Ентони Марсијал по ударот на Ерик Ламела.

Како и да е, и
покрај желбата на Фернандеш да го доигра целиот меч, Солшер не отстапил од
својата одлука, па го замени Португалецот веднаш по паузата со Фред, што донело
голема вознемиреност, а воедно и разочараност кај Фернандеш.

„Атлетик“ додава
дека одлуката на Солшер најмногу била од тактичка природа, Норвежанецот
почувствувал дека му се потребни свежи фудбалери во средниот ред за да го сопре
налетот на гостинот, меѓутоа Норвежанецот истовремено и стравувал од несакана
повреда кај својот најдобар фудбалер, поради фактот што е преоптоварен на
теренот со својот максимален допринос за тимот континуиран период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани