Фернандеш ги открива зборовите на Роналдо кон него во дебито за Португалија

by
1 минути читање

Ѕвездата на
Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш го објасни своето гледалиште во однос на
својот
идол Кристијано Роналдо, а тој воедно наведе
како Роналдо му помогнал во дебито во сениорскиот состав на Португалија во
2017. година.

Тој ми посака
добредојде на еден преубав начин во селекцијата на Португалија, ние го гледаме
него како идол, на мене секогаш ми бил идол, го следев неговиот пример, тој е
еден од моите омилени фудбалери
“ вели Фернандеш.

Кога бев повикан
во националниот тим на Португалија, тој дојде и ми рече
: ‘Одлично ти оди во Спортинг, ми се допаѓа сето тоа, а зборови како тие верувајте дека прават
голема разлика
“ додаде Фернандеш.

Во меѓувреме, по
дебито на Фернандеш за Португалија пред три години, ланската сезона беше клучна
во развојот на неговата кариера, а блескавите перформанси во дресот на Спортинг
Лисабон му донесоа репутација на една од најбрзо растечките ѕвезди во
европскиот фудбал, по што во зимскиот преоден рок сезонава следеше трансфер во
Манчестер јунајтед.

Фернандеш ја доби
и наградата за играч на месецот во Премиерлигата, а Манчестер јунајтед
благодарение на неговите перформанси 11 меча е без пораз, а во истите забележа
осум победи во сите конкуренции, што се однесува до Португалецот, тој на 5
настапи запиша 2 погодоци. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани