Поранешниот прв
човек на обезбедувањето во Манчестер јунајтед, тврди дека екс тренерот на
клубот од „Олд Трафорд“ ја одбил можноста да го ангажира Тјери Анри пред
тој да потпише за Арсенал, а причината за таквата одлука на Фергусон е
бизарна.
Според зборовите
на Нед Кели, кој своевремено беше и бодигард на Фергусон, како и Дејвид Бекам,
односно Ерик Кантона, тврди дека Анри бил мошне близу до преселба во Манчестер
јунајтед, за што и самиот имал желба за такво нешто.
„Ми заѕвоне
телефонот во тунелот по еден натпревар, тоа беше постариот брат на Кантона,
Жан-Мари, тој ми рече: Нед,
кажи му на Фергусон дека Анри сака да дојде во клубот“ вели Кели за „беИН
Спортс“.
„Тоа се случи
пред Анри да направи трансфер во Арсенал, неговиот прв избор беше Манчестер
јунајтед, така јас отидов до Фергусон и му реков дека Жан-Мари Кантона ми
посочи дека Анри сака да дојде во клубот“ додава тој, за потоа да ја открие причината за одлуката на Фергусон да одбие таква можност, наведувајќи дека Анри постојано бил повреден.
„Фергусон на тоа
ми одговори: Нема шанси, тој
секогаш е е*ено повреден. Анри потоа потпиша за Арсенал, останатото е историја“
заклучи Кели.
Анри испиша
посебна историја носејќи го дресот на Арсенал, каде премина од редовите на
Јувентус за 11 милиони фунти во 1999. година, запиша 254 настапи, на кои
постигна фантастичен учинок од 174 погодоци за Премиерлигашот.
Поранешниот
француски репрезентативец му помогна на Арсенал да освои две титули во
Премиерлигата, како и три во ФА Купот, во 2007. година се пресели во Барселона,
за во 2012. година по Њујорк Ред Бул да се врати во Арсенал на позајмица, а
потоа стави крај на својата кариера.