Ферги сакал да го
врати Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, ова го изјави поранешниот играч
на „ѓаволите“, Патрис Евра. Французинот откри дека во 2013, Шкотот му се доверил
и му открил дека работи на ангажман на ЦР7, плус и трансфер на Герет Бејл.
Сепак, наместо
креирање на страшен тим, Сер Алекс Фергусон реши да му каже збогум на фудбалот
и да се пензионира.
„Имаше многу
шпекулации, медиумите најавува дека Ферги ќе се пензионира. Разговарав со него,
и тој ми рече, „Патрис, никогаш нема да се пензионирам, ќе бидам тука уште 10
години. Кројам планови, 99% сум сигурен дека ќе ги имаме Кристијано Роналдо и
Герет Бејл. Ми требаат овие двајца фудбалери за повторно да ја освоиме Лигата
на шампиони“. И да бидам фер, кога разговарам со Кристијано на оваа тема, ми
потврди дека му кажал ДА на шефот за враќање“ – вели Евра.
„Две недели
подоцна, кога пристигнав на тренинг имаше еден куп новинари и камермани. Си
реков, „Изгледа некој ја оплескал работата, сигурно некој играч е главна
сторија. Ќе си имаме проблем“. Потоа ни кажаа, „Момци, морате да останете во
соблекувалната бидејќи шефот сака да разговара со вас“. И кога шефот доаѓа да
разговара со сите, тоа не е добро. Ферги дојде и рече, „Навистина ми е жал.
Некои луѓе кажаа дека ќе се пензионирам пред јас лично да го соопштам тоа.
Затоа се сите тие камери надвор. Морам да се пензионирам поради мојата сопруга,
потребен сум и“. Особено им се извини на Робин ван Перси и Шинџи Кагава бидејќи
ги донесе на почетокот од сезоната“.