Фердинанд смета дека Манчестер јунајтед може да победи само еден тим до крајот на сезоната

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

Легендата на „ѓаволите“, Рио Фердинанд го анализираше распоредот на Манчестер јунајтед до крајот на сезоната и смета дека можат да го победат само Лестер.

Рубен Аморим никако да ги склопи коцките на Олд Трафорд, изминатиов викенд Манчестер јунајтед доживеа нов пораз, загуби со 1-0 на гостувањето кај Тотнем и се наоѓа на 15-то место на табелата со 29 бодови.

Во својата емисија на Јутјуб, Рио Фердинанд одговараше прашања кои навивачите му ги поставуваат на социјалните мрежи и реши да даде свое видување на еден пост кој велеше дека на „ѓаволите“ им требаат уште 11 бода за да бидат сигурни дека нема да се преселат во втора лига.

„Го имаме Евертон во гости, па Ипсвич дома. Го имаме Арсенал, Лестер во гости, Нотингем Форест во гости, Манчестер Сити, Њукасл во гости, Вулвс, Борнмут во гости, Брентфорд во гости, Вест Хем, Челси во гости и Астон Вил“ – вели Рио Фердинанд.

„Од ова што го гледам, би рекол дека најреални шанси за три бода имаме против Лестер“.

„Вообичаено кога ќе го погледнете распоредот, можете да направите некоја математика каде и колку бодови ќе освоите, но кога јас ќе го погледнам распоредот на Манчестер јунајтед, не можам да кажам, „Аха, тука ќе освоиме три бода, и тука ќе освоиме три бода…““

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани