Минатото лето,
Манчестер јунајтед во своите редови го врати Пол Погба, откако Французинот во
2012 го напушти Олд Трафорд.
Рио Фердинанд
сега најавуава нов „случај Погба“, поранешниот играч на „Црвените Ѓаволи“
очекува Жозе Мурињо во клубот да го врати дефанзивецот Мајкл Кин.
Тој е продукт на
младинската школа на „Црвените Ѓаволи“, но откако не доби вистинска шанса и
неколку сезони беше праќан на позајмица, во 2015 беше продаден на Барнли за
само 2 милиони фунти.
На Трф Мур тој за
кратко време се естаблираше како стол во одбраната, оваа сезона прикажува
одлични партии па го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои Челси и
Евертон.
„Сака да
поставува прашања, сака конструктивни критики и тоа се одлични квалитети кај
еден играч, да внимава до детал на сопствената игра и да се подобри” – вели Рио Фердинанд кој работеше
со Кин во Манчестер јунајтед
„Постојано сака
да се подобри, без разлика дали се работи за правилна исхрана, подобрување на
физичката форма или пак нивото на игра. Постојано сакаше да учи”.
„Мислам дека беше
уништен кога дозна дека мора да замине од Манчестер јунајтед, сон на секое дете
од тоа место е да игра за Манчестер јунатјед”.
„Но тоа му
помогна да се докаже во друг клуб, да расцути и да стане играчот што е сега.
Во Манчестер јунајтед не доби шанса, и не знам која е причинаа за ова”.
„Исто како Погба,
кој замина и се врати како голема ѕвезда, мислам дека и Мајкл Кин може да го стори
тоа”.