Поранешниот
фудбалер на Ливерпул, како и легенда на тој клуб, Роби Фаулер смета дека на
Мохамед Салах треба да му се дозволи да си замине од составот на „Редсите“
доколку самиот Египјанец тоа го посакува.
Фаулер потсетува
на продажбата на Кутињо, според која истото требало да се случи и со 28
годишниот Салах, за што потсетува и на изјавата на Јирген Клоп дека тој не
посакува да има луѓе во клубот околу себе кои не се среќни таму.
„Не сакам Салах
да си замине, меѓутоа јас силно верувам дека трансферите денеска се однесуваат
лично на желба на фудбалерите, топката е во негови раце, а не во рацете на Ливерпул“ вели Фаулер за „Мирор“.
„Доколку Салах
сака да си замине, во тој случај тоа треба да се случи, доколку некој фудбалер
сака да си замине, тоа треба сите да го прифатиме, самиот Јирген Клоп го кажа
истото, тој не сака некој во клубот кој не сака да биде таму“ додава екс фудбалерот на „Редсите“ кој запиша над 250 настапи за клубот од „Енфилд“.
„Верувам дека
сево ова има големи сличности со Филипе Кутињо, со неговото однесување, тој
бараше да си замине, а Ливерпул во летото одби бидејќи не беа задоволни од
финансиски аспект, а од друга страна не им одговараше моментот бидејќи немаа брз
план како да ангажираат други фудбалери, па следеше продажба во јануари, за да
следи искористување на дел од средствата за Вирџил ван Дајк и Алисон“ заклучи Фаулер.