Фановите „удрија“ по Мбапе бидејќи не му препушти пенал, но Модриќ направил голем гест!

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе ја освои Златната копачка на Европа, како најдобар стрелец во најсилните лиги на „стариот континент“. Французинот со двата гола во победата на Реал Мадрид против Реал Сосиедад ја мина конкуренцијата во последното коло на Ла Лига.

Еден од головите на Мбапе беше од белата точка, а тоа наиде на критики – фановите на Реал се бунеа зошто не му го препуштил ударот од 11 метри на Лука Модриќ. Критиките беа огромни, но сега дојде објаснување.

Многу ме погоди што луѓето мислеа дека сум себичен и дека не му го препуштив пеналот на Лука кога цел стадион го бараше тоа. Тоа не е мој начин на сфаќање. Модриќ и јас однапред се договоривме, првиот пенал е мој, а ако има втор – тој е за него“ го цитираше Мбапе шпанскиот медиум „Марка“.

Дури и на теренот имаше разговор и тоа меѓу Раул Асенцио и Лука Модриќ на таа тема. Младиот дефанзивец го тераше Хрватот да го изведе пеналот, а камерите го уловија како одговара: „Не, не, на Килиан му е потребен за Златна топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани