724
На интернет се појавија снимки кои ја згрозија јавноста, навивачи на Ливерпул се изживуваа со локални жители или туристи во Барселона. Им се смееа и ги фрлаа во фонтана.
Сцени кои се срам и за Ливерпул и за Англија.
Дополнително двајца навивачи на Ливерпул биле уапсени откако навредувале работници во хотел.
Примитивизмот на англиските навивачи не е новина, клубовите се трудат да го искоренат, но некои од фановите очигледно немаат капацитет за цивилизирано однесување.