Едно видео стана
хит на социјалните мрежи, посебно за навивачите на Јувентус, а на истото се
гледа како еден приватен авион слетува на аеродромот во Торино.
Веста не би била
нешто посебно, доколку изворот на видеото не дојде од Томасо Агоста, доверлива
личност на Јувентус, како и пилот, кој на социјалните мрежи објави видео од
приватниот авион на аеродромот во Торино, а неговиот коментар беше ‘Тука e’.
Обично,
приватните авиони слетуваат на аеродромот во Торино во случаи кога станува за
висок профил на личност, како фудбалер или тренер кои доаѓаат во градот, така „Калчомеркато“
додаде дека навивачите на Јувентус сега се прашуваат дали е тоа пристигнувањето
на Маурицио Сари или евентуално Пеп Гвардиола на преговори со италијанскиот
првак, а можеби и нешто повеќе од тоа.
Tommaso Agosta autista della #juventus pubblica un video con l’arrivo di un aereo privato#guardiola? O #sarri? pic.twitter.com/3ybSELADp9
— Tiubarore (@tiubarore) June 4, 2019