195
Според статистиката на одбранети шутеви, Димитриевски е најдобар голман во Ла Лига во досегашниот дел од сезоната, па Барселона сака да го купи. Каталонците за него ќе треба да одвојат 6 милиони евра колку што е откупната клаузула.
Рајо Ваљекано денеска на својот твитер профил му го честиташе роденденот на Димитриевски, а во еден од коментарите на твитот еден фан му порача да остане бидејќи со нив има повеќе шанси да игра во Европа следната сезона отколку со Барселона.
По 18 одиграни натпревари Рајо Ваљекано е на четвртата позиција на табелата, а Барселона е седма.
¡Feliz cumpleaños, @Dimitrievski1! pic.twitter.com/IRqaCYYZrc
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) December 25, 2021