Фабијани: Дојде моментот кој Вардар долго го чекаше!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, порача дека неговиот тим е подготвен за првиот предизвик во новата сезона, откако утре „црвено-црните“ ќе го пречекаат КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Стратегот на Вардар истакна дека е задоволен од сработеното за време на подготовките во Италија, иако немал многу време да работи со екипата.

Дојде моментот кој долго го чекавме по подготовките во Италија и со нетрпение чекаме да излеземе на терен. Задоволен сум од подготовките, иако сум кратко тука и немавме многу долго време. Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма, игра одлично и знаат да играат со топка. Ние ќе се обидеме да ги притиснеме на нивната половина и да одиграме најдобро што можеме. Екипата е спремна, на терен ќе излезе тој што е најмногу подготвен и тоа ќе биде познато утре. Веќе три месеци сум во Вардар, очекувањата се големи, но мислам дека сè уште не сме на 100 посто од нашите можности“, изјави Фабијани.

Натпреварот меѓу Вардар и КуПС се игра во вторник во терминот од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×